Министерството за образование и наука распишува јавен повик за избор на „Најбезбедно и најчисто училиште”

 

На повикот може да аплицираат сите основни и средни училишта на територијата на Република Македонија. Училиштата кои ќе аплицираат за избор на „Најбезбедно и најчисто училиште” треба да се дел од „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ (ЕКО училиште) како и да имаат учествувано на најмалку три проекти или работилници кои опфаќаат некоја од следниве области: здрава и еколошка средина, безбедост, ненасилство, разрешување на конфликти и слични содржини.

Критериуми што треба да ги поседуваат:

Училиштата кои ќе аплицираат треба да ги исполнуваат следните критериуми:

1.    Одржување на зградата и здрава внатрешна  средина:

     - санитарно-технички, еколошки услови

     - санитарно-хигиенски, еколошки услови

2.    Уреден и еколошки двор:

     - уреден и функционален двор кој е во согласност со потребите за заштита на животната средина

3.    Безбедни/сигурни услови за престој и работа во училиштето:

     - организација на физичка безбедност

     - превенција и заштита од природни и елементарни непогоди

     - безбедност во лабараторија/кабинет/работилница при реализирање на практична настава.

Повеќе информации околу аплицирањето на следниот линк.

Начин на избор

За избор на „Најбезбедно и најчисто училиште”, Министерството за образование и наука ќе формира комисија. По доставените апликации комисијата ќе изврши увид во самите училишта со цел на потврдување на доставените докази во прилог на апликацијата.

Министерството за образование и наука ќе додели  сертификати за три основни училишта и три средни училишта како најбезбедни и најчисти  училишта. 

Министерството за образование и наука избраните училишта за најбезбедни и најчисти   ќе ги објави на својата веб страница.

Доделувањето на сертификатите ќе биде во последната недела од месец мај 2018 година.

 

Краен рок за аплицирање 30.03.2018 година.

Leave a comment