Јавен повик за проверување на способностите за спортски вештини на учениците кај кои има интерес за запишување во Спортска Академија.

 

Спортската академија започнува потрага по спортски таленти во Република Македонија, кои што ќе бидат дел од ДСУ „Спортска академија“ во паралелки за фудбал, ракомет, кошарка и тенис за учебната 2018/2019 година, кои освен во Скопје, предвидени се и како истурени паралелки во следните општини:

-        СОУ „Кузман Шапкарев” – Битола, фудбал;

-        СОУ „Перо Наков“ – Куманово, кошарка;

-        ОУТУ „Ванчо Питошевски“ – Охрид, фудбал;

-        СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ – Прилеп, фудбал;

-        СОУ „Никола Карев” – Струмица, фудбал;

-        СОСУ„Моша Пијаде“ – Тетово, фудбал;

-        СОУ „Коле Нехтенин” – Штип, фудбал.

Целта на Спортската академија е учениците, спортски таленти да се оспособат да постигнуваат врвни спортски резултати и да се подготвуваат од рана возраст да станат членови на националните спортски селекции за фудбал, ракомет, кошарка и тенис.

Учениците ќе бидат подложени на посебна, специјално за оваа намена, креирана програма за образование и тренинг. За работа со учениците ќе бидат ангажирани стручни тимови составени од тренер и негов заменик и физиотерапевт. Кандидатите за упис во прва година, во средно училиште ќе бидат селектирани од стручна комисија.

Селекцијата ќе се врши по региони низ цела територија на Република Македонија и ќе се одвива во фази:

-        Скаутирање од стручни лица

-        Селекција од стручен тим

-        Тестирање на психофизичките способности од страна на стручна комисија

На учениците кои ќе бидат примени, а кои не се од регионот каде што ќе ја посетуваат наставата, ќе им биде обезбедено сместување и храна, а превоз до училиштето и до спортските терени ќе биде обезбеден за сите ученици, во согласност со закон.

Повеќе информации околу повикот на следниот линк.

Leave a comment