Специфични цели на семинарот се:

-        Да се истражи реалноста на работата кај младинските совети во различни земји;

-        Да се истражат различни видови на младинско вклучување во процесите за донесување на одлуки, во рамките на младинските совети;

-        Презентација на добри практики;

-        Вмрежување на младинските совети кои ќе земат учество, да се истражат можностите за идна соработка.

Профил на учесници:

-        Претставници на младински совети од Р.Македонија;

-        Вклучени се веќе во реализирање на активности на локално ниво;

-        Да се заинтересирани за нови контакти и соработка со останати младински совети во Европа;

-        Да имаат над 18 години

-        Познавање на англискиот јазик за комуникација

Место на одржување:

Настанот ќе се одржува во Констанцин – Јерциорна, Полска во период од 09-13 април 2018.

Крајниот рок за аплицирање е 4 март 2018 година на следниов линк:

https://www.salto-youth.net/tools/european-training-calendar/training/youth-councils-local-and-international-realities.7088/

Трошоци за настанот

Принципот на покривање на трошоци е следниов:

-        Организациски трошоци (сместување, храна) се покриени од домаќинот/координаторот;

-        Патните трошоци се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во Вашиот случај НА Македонија);

-        Самиот учесник (индивидуално) најчесто покрива 5% од висината на патниот билет, освен ако нема побарување од домаќинот за одредени тренинзи и може да побара контрибуција за сместувањето.

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ќе овозможи 2 лица да земат учество на овој меѓународен семинар. Лицата треба да бидат претставници на младински совети од Македонија.