Ако сакате да студирате било каде, или пак во вашата земја и во исто време сакате да имате корист од меѓународно образование, образованието за учење на далечина е за вас.

 

Тоа е поевтино од всушност студирање во странство, бидејќи сè е направено на интернет. Ова е листа на факултети за онлајн учење каде може да добиете стипендија и бесплатни онлајн курсеви кои ќе ви помогнат да добиете онлајн образование бесплатно.

Стипендии за онлајн студирање:

University of the People

Универзитетот нуди онлајн, акредитирани, бесплатни, американски универзитетски дипломи по бизнис администрација и компјутерски науки. Програмите ги подучуваат професори од светска класа кои доаѓаат од универзитетите како што се NYU, Harvard, Oxford и други. Наставата е во виртуелна мала училница. UoPeople ги подготвува своите студенти за вработување со нудење практикантска и менторска програма за да стекнат практично искуство со партнерите како HP и Microsoft.

Стипендии од Commonwealth Distance Learning

Стипендиите на Комонвелт за учење на далечина ги поддржуваат кандидатите од земјите од комонвелтот (скоро сите земји кои биле британски колониии) за студирање на повеќе од 30 постдипломски студии кои се понудени во партнерство со универзитетите во земјите во развој или директно од институциите на Велика Британија. Стипендиите ги покриваат трошоците за школарина.

Стипендии од Edinburgh Global Distance Learning

Универзитетот во Единбург нуди 11 стипендии за граѓаните од избраните земји во развој за да учат на една од триесетте програми за учење на далечина кои ги нуди Универзитетот. Секоја стипендија ги покрива трошоците за школарина во текот на три години.

Бесплатни онлајн курсеви

edX бесплатни онлајн курсеви на најдобрите универзитети

edX е платформа за учење која им нуди на студентите од било која земја можност да преземат бесплатни онлајн курсеви кои ги нудат најдобрите универзитети од целиот свет. Курсот е достапен за секој во светот кој е заинтересиран за унапредување на сопственото знаење. Со исклучок на курсеви за професионално образование, edX курсевите се бесплатни за секого. За некои курсеви се плаќа надомест за да се добие сертификати, но се бесплатни за да се изучат.

Coursera
Coursera е образовна компанија која е партнер со врвни универзитети и организации во светот.  Таа нуди курсеви на интернет за секој што сака да учи, бесплатно. Во моментов, тие нудат курсеви на широк спектар на теми, кои ги опфаќаат хуманистичките науки, медицината, биологијата, општествените науки, математиката, бизнисот, компјутерската наука и многу други.

Khan Академија
Академијата Khan е непрофитна академија. Нејзина цел е подобрување на образованието преку обезбедување бесплатна едукација од светска класа за сите. Со библиотека од над 4.500 видеа за сè, од аритметика до физика, финансии и историја и стотици вештини за вежбање, Khan Академијата ќе ви помогне да научите што сакате, кога сакате, со сопствено темпо.

Academic Earth

Academic Earth верува дека сите заслужуваат пристап до образование од светска класа. Платформата нуди сеопфатна колекција на бесплатни онлајн курсеви од врвните универзитети во светот

Leave a comment