Министерството за образование и наука  информира дека во тек е конкурс за доделување на стипендија за престој во германскиот Бундестаг во траење од 5 месеци, односно од 1 март до 31 јули 2019 година.

 

Стипендијата е наменета за високо квалификувани млади луѓе кои имаат желба по завршувањето на програмата активно и одговорно да учествуваат во креирањето на  демократската иднина во нивните земји.

Тие ќе имаат можност во текот на престојот, преку член на Бундестагот да се запознаат со германскиот парламентарен систем, со процесите на донесување на политичките одлуки, како и да стекнат практично искуство  во областа на парламентарната работа.

Согласно условите за аплицирање, потребно е кандидатите да се државјани на Република Македонија, да имаат завршено високо образование, одлично да го познаваат германскиот јазик, како и да имаат познавања за германската политика, општество и историја.

Апликациите се поднесуваат електронски на This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it., заклучно со 30 јуни 2018 година. Изборот на кандидати го прави Амбасадата на Германија во Скопје. Подетални информации може да се обезбедат на интернет адресата: www.bundestag.de/ips или www.skop.diplo.de.

 

Leave a comment