Компанијата ОКТА АД-Скопје заедно со Хеленик Петролеум Групацијата доделува стипендија за Постдипломски студии по нафтено инженерство на Факултетот за инженерство на минерални ресурси на Техничкиот универзитет на Крит (www.peteng-master.tuc.gr).  

 

Програмата за постдипломски студии по нафтено инженерство е дизајнирана да им обезбеди на студентите научна позадина во истражување на јаглеводороди и вештини од практичен аспект во нафтено инженерство. Програмата започнува во октомври и трае 12 месеци односно два семестри, во редовни студии и се одвива на англиски јазик. По успешно полагање на испитите, студентите се обврзуваат на Магистерски труд, односно теза, која треба да се заврши во рок од 3 месеци.

I.Услови за доделување на стипендијата:

Право на стипендија има кандидатот кој ги исполнува следните услови:

-        Да има завршено студии од прв циклус по инженерство или во соодветна област од науката на Технолошко металуршки факултет, Машински факултет или ПМФ – Институт за хемија и Институт за физика;

-        Да поседува соодветен сертификат како доказ за активно познавање англиски јазик;

-        Да не е корисник на стипендија од други даватели;

-        Да е државјанин на Република Македонија.

Кандидатот ќе биде избран од страна на Управниот одбор на Факултетот во Грција, а за кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе биде организирано интервју.

II. Потребни документи:

-        Пријава за аплицирање;

-        Копија од диплома или уверение за завршени дипломски студии од прв циклус, преведени на англиски јазик од овластен судски преведувач (Доколку дипломата или уверението сè уште не се доделени, потребно е да се достави документ издаден од факултетот кој потврдува дека се исполнети сите обврски за дипломирање);

-        Сертификат за активно познавање на англиски јазик;

-        Две препораки испратени директно од e-mail адресата на пишувачите на препораката;

-        Детално CV кое покажува научно, истражувачко или индустриско искуство.

III. Висина на стипендија:

Стипендијата ги покрива трошоците за школарина, како и трошоци за живот во висина од 1.000 евра месечно.

IV. Начин и рок на пријавување

Рокот за пријавување на кандидатите за користење на академската стипендија за студии од втор циклус на Универзитетот во Крит е најдоцна до 31.05.2018 година.

Потребните документи треба да се достават електронски на следниве две адреси:

This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. и This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Контакт лице за дополнителни информации:

Мирко Трајановски +389 2 2532 565, e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Leave a comment