Се бара млад ентузијаст кој е подготвен да учи и да се предизвика себеси во нови средини. Генерално, кандидатот треба да има познавање или искуство со видео монтажа, уредување на содржини и работа во Wordpress.

 

Доколку кандидатот има познавање во однос на видео монтажа, слободно може да аплицира, искуството поврзано со останатите две вештини не е задолжително, но е добредојдено и дава предност. Монтажата подразбира работа во некој од програмите за video editing, и се работи за видеа од говори кои се одржале во рамките на Самитот Македонија2025, сведоштва на наши алумни, интервјуа, промотивни видеа итн. кои потоа би се употребувале за промоција.

Работно време: Понеделник до петок (08:00 – 16:00) Овие рамки се флексибилни поради природата на работата, односно постои опција некогаш да се работи и од дома или пак да се работи надвор од работното време доколку кандидатот е се уште студент и не може секој ден да доаѓа во канцеларија во текот на работниот ден.

Надомест/хонорар: По договор

Додатна вредност: Македонија2025 со задоволство би го дообучиле кандидатот и во други полиња од негов интерес (комуникации, маркетинг, организација на настани итн.) , со цел да го прошири своето знаење.

Сите заинтересирани можат да го испратат своето резиме на следната емаил адреса: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. или пак да постават дополнителни прашања.

Повеќе информации за организацијата на следниот линк.

Краен рок за аплицирање: 26 јануари 2018година.

Leave a comment