Коалиција на младински организации СЕГА го спроведува проектот „Интеграција на НЕЕТ групата на млади“. Проектот се спроведува со поддршка од Национална Агенција за европски образовни програми и мобилност, преку програмата Еразмус+ Клучна Акција 3 (Структурен дијалог).

 

Целта на овој проект е подобрена интеграција на НЕЕТ групата на млади преку зголемена соработка на младинскиот сектор со различни институции на национално и локално ниво. Пристапот кој го предлагаме е стекнување на подобро разбирање на НЕЕТ групата на млади од страна на институциите и младинскиот сектор на национално и локално ниво. За таа цел Коалиција СЕГА објавува повик за учество на Национална работилница за креирање на Позициски документ со препораки за подобра интеграција на НЕЕТ групата на млади. Работилницата ќе се одржи во периодот од 14 – 17 ноември 2018 година во хотел Бисер, во Струга. За учество на овој настан ќе бидат селектирани млади и донесувачи на одлуки од релевантни институции во Р. Македонија.

Се покануваат сите заинтересирани млади (претставници од средношколски, студентски и младински организации, млади волонтери, невработени млади, млади кои  спаѓаат во категоријата НЕЕТ) да ја пополнат апликацијата за учество на Националната работилница на следниот линк.

Краен Рок за доставување на апликации е 01.11.2018 година.

Leave a comment