Министерството за култура на Република Македонија ја информира јавноста дека Извршната агенција за образование, аудиовизуелна дејност и култура при Европската Комисија го објави повикот за аплицирање за „Програмата Креативна Европа – Потпрограма Култура“, категорија „Проекти за соработка“ за 2019 година.

 

Повикот е наменет за транснационални ко-продукциски проекти преку кои се поддржува европската културна соработка.

Краен рок за доставување на електронските апликации до Извршната агенција за образование, аудиовизуелна дејност и култура при Европската Комисија е 11 декември 2018 година, најдоцна до 12.00 часот.

Повеќе информации за повикот и за категоријата  можете да најдете на следниот линк,

како и во канцеларијата за  „Креативна Европа – Потпрограма Култура“  (тел: 3 207 446; 3 207 433; електронски адреси:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.  и  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.)

Leave a comment