Академик продолжува да организира практични обуки со цел да им помогне на студентите по право да го надградат академското знаење и да им овозможи да се стекнат со практични вештини, со што ќе имаат подобра почетна позиција на пазарот на трудот.

 

Практичните обуки за студенти ќе се одржат во месец ноември, во Центарот за обуки на Академик. Обуките се посветени на практични прашања од областа на кривичното и граѓанското право.

ОБУКИ ПО КРИВИЧНО ПРАВО

12 ноември - „Претходна постапка – фази и елементи":

-       елементи на предистражната и истражната постапка,

-       наредба за спроведување истрага;

-       записник од сослушување на сведок;

-       обвинение (обвинителен предлог и обвинителен акт) и

-       практична вежба за изготвување обвинителен акт.

22 ноември - „Главна расправа и пресуда":

-       симулација на главната расправа;

-       видови пресуди и

-       практична вежба за пишување пресуда.

ОБУКИ ПО ГРАЃАНСКО ПРАВО

13 ноември - „Пишување на правни поднесоци“:

-       форма на тужбата;

-       содржина на тужбата;

-       начин на подготовка на тужбата и

-       практична вежба за пишување тужба.

15 ноември - „Пишување на правни поднесоци“ :

-       подготовка на жалба;

-       видови жалби и

-       практична вежба за пишување жалба.

Цена: 500 ден. по обука; 850 ден. пакет две обуки, 1.700 ден. пакет од четири обуки.

Локација: Академик, бул. ВМРО бр. 1, 1000 Скопје

Предавач:

-       обуки по кривично право - судија Васка Масевска

-       обуки по граѓанско право – судија Антоанета Димовска

НАПОМЕНА:

Бројот на места е ограничен! Oбуки започнуваат во 16 часот, а пријавувањето на е-пошта е задолжително.

Организаторот го задржува правото на промена на програмата и предавачите.

Пријавување на учество и повеќе информации на: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.  или на 02/3122-308.

Leave a comment