Коалиција на младински организации СЕГА Ве поканува да учествувате на вебинар на тема „Младинско информативни методи за работа со млади во ситуација на НЕЕТ“.

 

ToT вебинарот е наменет за преставници на младински организации, младински работници и млади од цела Европа каде детално ќе се престават практични Младинско информативни методи за работа со млади во НЕЕТ ситуација.

Превенцијата треба да биде приоритет со цел да се избегне зголемување на бројот на млади луѓе кои би биле во ситуација на НЕЕТ и да го разбијат интергенерацискиот циклус на социјална исклученост.Потребен е проактивен пристап на младинските организации од цела Европада обезбедат ранаинтервенција за да се избегне младите луѓе да се најдат во ситуација на НЕЕТ.

Со зајакнување на капацитетот на младинските организации, младинските работници и другите засегнати страни, ќе се обезбедиме поттикнување на социјалното вклучување на младите во ситуација на NEET, промовирање и зголемување на достапноста на професионално советување и насоки прилагодени на потребите на социјално исклучените млади луѓе во сите фази од нивниот живот. Преку овој вебинар младинските работници ќе се запознаат со новиот пристап во информирање на младите во НЕЕТ ситуација.

Кога: 30 октомври, со почеток во 11:00 часот

Колку ќе трае? Час и половина!

Цена за учество? БЕСПЛАТНО!

Како да се регистирам? Кликни тука.

На кој јазик ќе биде вебинарот? Овој вебинар ќе се одржи на англиски јазик.

*Овој вебинар ќе се одржи онлајн.

Проектот „Младинските информативни центри по мерка на потребите на NEET групата на млади" има за цел да се зголеми квалитетот на младинската работа во адресирањето на потребите на NEET во Европа како и да се воведе и примени иновативен пристап на младинско информирање за активно вклучување на NEET во општеството. Проектот го спроведува Коалиција СЕГА во партнерство со АЕИ од Полска и УМКИ од Хрватска со поддршка од Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност преку Програмата Еразмус +, клучна акција 2: стратешки партнерства во областа на младите.

Leave a comment