На ден 26.10.2018 (петок) во СОУ „Ѓорче Петров во Прилеп, Младинскиот информативен и советодавен центар ИНФО СЕГА од Прилеп, одржа работилница во рамки на кампањата „365 работнички права за млади.

 

Кампањата започна да се спроведува од 01 јануари 2018 година и ќе трае до крајот на годината, за кога е планирана завршна конференција и презентација на резултатите и постигнувањата собрани во текот на кампањата.

Истата ја спроведуваат инфо центрите на Коалиција на младински организации СЕГА во соработка со fakulteti.mk и Конфедерација на слободни синдикати.

Кампањата има за цел да ги информира младите за нивните работнички права, а воедно и да се зголеми свеста на младите луѓе дека имаат право на пристап до информации кога им се потребни.

Преку работилници како оваа, заедно со останатите активности кои се спроведуваат во текот на оваа кампања ќе се делува кон зголемување на свеста на младите луѓе да разберат дека имаат права, но и да ги потсетиме дека имаат обврски кои треба да се почитуваат на работното место, како и тоа на кој начин, каде и како да се информираат за нив.

Денешната работилница беше интерактивна, па заедно со учениците дефиниравме што е тоа работен однос, какви права, а какви обврски имаат работниците и работодавачите и точно прецизиравме кои услови треба да се почитуваат на работното место.

До завршувањето на кампањата предвидени се уште неколку работилници, каде што директно ќе пристапуваме до младите како идни потенцијални работници и ќе пробаме да ја подигнеме нивната свест во однос на оваа тематика.

 

Кампањата „365 работнички права на младите” се спроведува со поддршка на Програмата за децентрализирана соработка помеѓу регионот Нормандија и Македонија, Државниот Инспекторат за Труд и Агенција за млади и спорт на Република Македонија.

Партнери на кампањата: Младински Совет Прилеп, Волонтерски центар Скопје, Рурална коалиција, Кул младина Штип, Центар за економски анализи ЦЕА, Мрежа за поддршка на претприемачи, Здружение за мултикултурна интеграција Инклузија, Форум 16, МИРР, Рома Прогрес, Граѓанска иницијатива на жени и Еколоџик.

Leave a comment