Отворен е ЕВС повик за двајца волонтери во Vevelstad, Норвешка.

 

Проектот се вика "Единственото ограничување е твојата имагинација". Дојдете и помогнете нѝ, нѝ требаат дополнителни раце и мозоци. Името на организацијата е Vevelstad Frivillig Sentral.

Проектот започнува од август 2018 година и трае до јули 2019 година.

Главната цел е работа со и за локалната младина. Организирање на различни видови на активности, во затворени простории и на отворено. Помогнете им да организираат активности за себе и за помладите деца. Поддршка на локалниот младински совет во нивната политичка работа и проекти за животна средина. Исто така, можности за работа со и за постарите и имигрантите.

Нудиме широк спектар на можности за личен развој! Запознајте се со норвешкиот јазик и начинот на живеење во една од најмалите општини во Норвешка што се наоѓа на север.

Сместувањето ќе биде добро, ќе биде во стан или со семејство. Тоа ќе биде воцентарот или во близина на центарот на градот. Овде ќе се одвиваатсите активности. Ќе се организира превоз до / од работа.

Сместувањето, храната, џепарлакот и превозот ќе бидат покриени со средства од Еразмус +.

Волонтерите ќе посетуваат EVS обуки при пристигнувањето и на средина од нивниот престој. Ова ќе им даде можност да се запознаат со другите европски волонтери, да дискутираат за ЕВС со нив и да станат пријатели.

Ќе се обезбедат часови по норвешки јазик.

Што треба да поседувате за да бидете волонтер?

Мора да имате најмалку 18 години и треба да имате акредитирана организација за испраќање!Дали сте ентузијасти, отворени и креативни? Можете ли да преземете водечка улога, но, исто така, да работите заедно со различни видови на луѓе?Дали уживате во дивата природа и немате проблеми со понекогаш суровите временски услови?Дали сакате навистина да ја запознаете руралната норвешка култура?

Оваа организација има физичко опкружување погодно за млади луѓе со физички, сензорни или други хендикепи (како пристап до инвалидски колички и слично.

Оваа организација има дополнителна менторска или друга поддршка погодна за млади луѓе со социјални пречки, образовни тешкотии, културни разлики или слично.

Оваа можност е отворена за секој да аплицира. Ќе се обидеме да најдеме решение за секаков вид на бариера.

Краен рок за аплицирање е 13 мај 2018 година.

За да се пријавите, пратете ваша биографија во pdf формат, како и мотивационо писмо на англиски јазик на следниот линк.

 

Коалиција на младински организации СЕГА е акредитирана организација која може да испраќа, координира и прима волонтери.

Leave a comment