Конкурси

Повик за аплицирање за „Програмата Креативна Европа – Потпрограма Култура“ за 2019 година

Министерството за култура на Република Македонија ја информира јавноста дека Извршната агенција за образование, аудиовизуелна дејност и култура при Европската Комисија го објави повикот за аплицирање за „Програмата Креативна Европа – Потпрограма Култура“, категорија „Проекти за соработка“ за 2019 година.

Повторен конкурс за прием на студенти запишани на додипломски студии во државните студентски домови и други објекти за сместување во Република Македонија за студиската 2018/2019 година

Повторен конкурс за прием на студенти запишани на додипломски студии во државните студентски домови и други објекти за сместување во Република Македонија за студиската 2018/2019 година

КОНКУРС за доделување 80 (осумдесет) стипендии за талентирани ученици - спортисти од јавните и приватните средни училишта во Република Македонија за учебната 2018/2019 година

Министерството за образование и наука за учебната 2018/2019 година ќе додели 80 (осумдесет) стипендии за талентирани ученици-спортисти од јавните и приватните средни училишта во Република Македонија.

КОНКУРС за доделување 400 (четиристотини) стипендии за социјална подршка на ученици од јавните и приватните средни училишта во Република Македонија за учебната 2018/2019 година

Министерството за образование и наука за учебната 2018/2019 година ќе додели 400 (четиристотини) стипендии за социјална подршка на ученици од јавните и приватните средни училишта во Република Македонија.

КОНКУРС за доделување стипендии за ученици од средно образование кои реализираат наставни програми од угостителско - туристичката струка во Република Македонија за учебната 2018/2019 година

Министерството за образование и наука ќе додели до 15 стипендии за ученици од средно образование кои реализираат наставни програми од угостителско - туристичката струка во Република Македонија за учебната 2018/2019 година.

КОНKУРС за доделување 100 (сто) стипендии за талентирани ученици од јавните и приватните средни училишта во Република Македонија за учебната 2018/2019 година

Министерството за образование и наука за учебната 2018/2019 година ќе додели 100 (сто) стипендии за талентирани ученици од јавните и приватните средни училишта во Република Македонија, од кои 90 (деведесет) стипендии за талентирани ученици од јавните средни училишта во Република Македонија и 10 (десет) стипендии за талентирани ученици од приватните средни училишта во Република Македонија.

КОНКУРС за доделување 100 (сто) стипендии за ученици со посебни потреби од јавните и приватните средни училишта во Република Македонија за учебната 2018/2019 година

Министерството за образование и наука за учебната 2018/2019 година ќе додели 100 (сто) стипендии за ученици со посебни потреби од јавните и приватните средни училишта во Република Македонија.

КОНКУРС за доделување 50 (педесет) стипендии за ученици – деца без родители од јавните и приватните средни училишта во Република Македонија за учебната 2018/2019 година

Министерството за образование и наука за учебната 2018/2019 година ќе додели 50 (педесет) стипендии за ученици – деца без родители од јавните и приватните средни училишта во Република Македонија.