Министерството за образование и наука за учебната 2018/2019 година ќе додели 100 (сто) стипендии за ученици со посебни потреби од јавните и приватните средни училишта во Република Македонија.

 

I. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА

Право на стипендија имаат кандидатите кои учат во јавните и приватните средни училишта во Република Македонија, а ги исполнуваат следните услови:

  1. да се редовни ученици од I година, кои во текот на основното образование постигнале успех од најмалку 3,00;
  2. да се редовни ученици од II, III и IV година, кои во текот на средното образование постигнале успех од најмалку 3,00;
  3. да имаат наод и мислење за видот и степенот на попреченоста во физичкиот или психичкиот развој и специфичните потреби издадена од надлежна установа, а согласно Правилникот за оцена на специфичните потреби на лицата со пречки во физичкиот или психичкиот развој;
  4. да не повторувале година во текот на образованието;
  5. да не се корисници на стипендија од други институции или фирми;
  6. да се државјани на Република Македонија.

Критериуми за доделување на стипендиите се остварениот успех, при што еден ученик може да добие најмногу до 100 бодови.

II. НАЧИН, МЕСТО И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ

Учениците, кои ги исполнуваат условите од конкурсот, потребно е во Министерството за образование и наука, ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54, Скопје), од 15.10.2018 до 26.10.2018 година, од 09-15 часот, да ги донесат следните документи:

  1. Евидентен лист;
  2. Потврда дека е редовен ученик во учебната 2018/2019 година;
  3. Копии од свидетелствата за завршени претходни години на образованието (кандидатите од I година доставуваат свидетелства од VI-IX одделение);
  4. да имаат наод и мислење за видот и степенот на попреченоста во физичкиот или психичкиот развој и специфичните потреби издадена од надлежна установа, а согласно Правилникот за оцена на специфичните потреби на лицата со пречки во физичкиот или психичкиот развој;
  5. Изјава потпишана од родител - старател дека кандидатот не е корисник на друга стипендија, објавена на следниот линк

Конечниот список со избраните кандидати ќе бидe објавен на 30.11.2018 година на интернет порталот http://mon.gov.mk.

Министерството за образование и наука по службен пат, согласно Правилникот за образецот на барањето за сместување во ученички дом и образецот на барањето за доделување стипендија, со потребната документација („Службен весник на Република Македонија” бр.189/16), ќе го обезбеди следниот документ:

-уверение за државјанство на Република Македонија од Министерството за внатрешни работи.

Кандидатите нема да бидат рангирани ако доставената документација е:

-некомплетна и

-ненавремено доставена.

Списокот со избраните кандидати ќе бидe објавен на 30.11.2018 година на интернет страницата на Министерството.

Се задолжуваат сите добитници на стипендии по објавувањето на списокот, а најдоцна до 25 декември 2018 година да го потпишат договорот за стипендија со Министерството за образование. Сите кандидати кои нема да го почитуваат овој рок ќе се смета дека се откажуваат од стипендијата.

IV. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА

Висината на стипендијата ќе изнесува 2.750,00 денари месечно за девет месеци во текот на учебната година.

Потребната попратна документација може да се добие во Министерството за образование и наука или на интернет страницата на Министерството (www.mon.gov.mk).

Leave a comment