Креативен и едукативен настан, дел од ИТ Новум на тема SMART CITIES за пронаоѓање на иновативни решенија за подобрување на начинот на кој градот функционира и живее. Маратонот ќе започне со конференција.

 

Концептот на Smart Cities претставува еден од најпопуларните истовремено еден од најветувачките трендови на иднината. Тој претставува комбинација од различни сегменти на денешното динамично живеење, спој од услуги, информации и продукти кои се меѓусебно поврзани и можноста за пренасочување на нивната намена. Овој тренд е веќе присутен во поразвиените држави што сведочи за фактот дека неговата појава е неизбежна и за градот Скопје. Затоа за да можеме да одговориме соодветно на предизвиците на модерното време организираме маратон токму на оваа тема.

Креативниот маратон претставува тридневен настан каде интезивно ќе се работи на пронаоѓање на иновативи и креативни решенија со користење на современата технологија да се подобри начинот на кој градот функционира и живее.

Целта на овој креативен маратон е да се подигне свеста и развојот на практичните знаења и вештини кај младите и нивно подготвување за понатамошно професионално насочување кои ќе им претставуваат значителна предност при нивното вработување.

Краен рок за аплицирање: 02.05.2018 до 20ч.

Повеќе информации околу креативниот маратон и начинот на аплицирање на следниот линк.

Leave a comment