Ве покануваме на обуката за идни млади менаџери за која Пивара Скопје АД ја доби наградата за општествена одговорност.

Бидете учесник во 56-та група на најпосетуваниот семинар во Република Македонија со најнови теми и содржини од менаџментот. Применете ги најновите светски искуства на менаџментот во јавната и бизнис администрација.

Обуката ги опфаќа следните теми:

-       Комуникациски и презентациски вештини

-       Маркетинг во пракса

-       Ефективна тимска работа

-       Управување со време

-       Лидерство за управување со промени

-       Финансии и сметководство

-       Човечки ресурси и правно работење

-       Деловен англиски

На обуката се работат теми и од: емоционална интелигенција, квалитет, самостоен маркетинг за вработување и унапредување на работното место, личен акционен план за развој.

Согласно најновите програми од најдобрите универзитети во Европа, Америка, Австралија и Јапонија за само шест (6) недели ќе ги добиете сите неопходни вештини.

Учесници на семинарот може да бидат заинтересирани без разлика на стручната подготовка. Секој учесник добива сертификат за завршена обука.

Семинарот се одржува два пати неделно од 17:00 до 20:00 часот во просториите на Центарот за образование и обука на Пивара Скопје.

Наставата е водена од тимот на Мотива со видео презентации, гости предавачи, менаџмент игри. Компјутер на располагање за секој учесник.

Контактирајте не на тел. 3061-114, 3061-834 и 070/358680, Мотива

 

Краен рок за пријавување: 18.10.2018 година. 

 

Leave a comment