Култура (81)

Концерт на КУД „МОМИНОК“

КУД „Моминок“ во сабота 20 октомври, со почеток во 20 часот во големата сала на НУЦК „Марко Цепенков“, ќе одржи целовечерен концерт на кој играорците ќе го презенетираат богатиот македонски фолклор.

Изложба на Интернационалната Кичевска колонија

Од петок 19 октомври од 12 и 30 до среда 31 октомври 2018г. Во ликовната галерија при НУЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп, ќе биде отворена Изложба на Интернационалната Кичевска колонија.

Комедија: Од две мајки браќа (2 Mothers brothers)

Неверојатна комедија која не смее да се пропушти!

Pink Floyd Tribute заедно со High Start

Во склоп на програмата за 11ти октомври со големо задоволство на 10.10 ќе направиме трибјут на еден од нашите омилени бендови, Pink Floyd. 

Информации за изложба од Катерина Деспот и Васка Сандева

Од среда 10 октомври од 18 часот до вторник 23 октомври 2018 г. во ликовната га галерија при НУЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп, ќе биде отворена изложбата „Не-дефиниран урбанизам“ од Катерина Деспот и Васка Сандева.

„Казимир и Каролина“ на Еден фон Хорват во театарот „Војдан Чернодрински“

Театарот „Војдан Чернодрински“ од Прилеп, во петок 12.10.2018 и сабота 13.10.2018 година, на сцената со почеток во 20 часот, ќе ја изведе претставата „Казимир и Каролина“ на Еден фон Хорват, во режија на Нела Витошевиќ.

Концерт: „Четврт со рокенрол – Unplugged“

Во сабота 6 октомври 2018 од 20 часот во кино Мис Стон во ЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи концерт насловен „Четврт со рокенрол – Unplugged на кој ќе настапи вокално инструменталниот состав „ Никеја“, Здружение на автори на музички дела на РМ – Шпато.

Изложба на графики од Симона Јакимовска

Во среда 3 октомври 2018 во 12:30 часот во галеријата од ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложба на графики од уметникот Симона Јакимовска, која ќе се претстави со 25 дела.