Младинскиот Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА од Прилеп заедно со своите ЕВС волонтери, а во соработка со персоналот на основните училишта „Гоце Делчев“ – Прилеп и „Пецо Даскалот” - Долнени одржаа три креативни работилници со цел одбележување на 8-ми април - Велигден.

 

Целта на овие работилници беше да се изработат најразлични креативни дела и честитки кои подоцна учениците ќе ги продаваат на панаѓурите кои ги организираат училиштата по повод верскиот празник.

Учениците работеа поделени во групи, па низ песна и игра и покрај нивната возраст не чувствуваа никакви бариери при изразување на својата креативност и посветеност.

Голема благодарност и до наставничките од двете основни училишта кои ја дадоа својата поддршка при реализирањето на овие работилници.

Ни претставува задоволство да работиме со вредни и посветени ученици како тие што присуствуваа на нашите работилници.

Младинскиот Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА од Прилеп и понатаму ќе продолжи со реализирање на ваков вид креативни работилници.

Leave a comment