Кампањи (24)

Започна националната кампања „365 работнички права за младите!“

Од 01 јануари 2018 година, Коалиција СЕГА во соработка со Факултети.мк и Агенција за млади и спорт на Р. Македонија официјално ја започнаа Националната кампања „365 работнички права за младите!“.

Интервју со Кристијан Николов победник на натпреварот за најдобро видео за мобилната апликација Млади АМС

Кристијан Николов од Скопје е победник на натпреварот за најдобро видео за мобилната апликација Млади АМС во рамките на Националната кампања „Информирај се СЕГА!“.

Избор на најдобра мобилна апликација во рамките на националната кампања „Информирај се СЕГА“

Денес 06.03.2017 (понеделник), во бараките на ФИНКИ, во мултимедијалната сала,во Скопје, со почеток во 12 часот, се одржа официјална презентација на најдобра мобилна апликација - Натпревар за креирање мобилна апликација во рамките на Националната кампања "Информирај се СЕГА", спроведена од Коалиција СЕГА со Младинските Информативни и Советодавни Центри ИНФО СЕГА од Прилеп и Кавадарци во соработка со Агенција за млади и спорт и има за цел да им овозможи на младите луѓе безбедно да дојдат до квалитетни интернет информации кои им се потребни и да бидат целосно описменети како дигитални учесници во денешното информатичко општество.

Организации кои се партнери и поддржувачи на националната кампања „Информирај се СЕГА!"

Организации кои се партнери и поддржувачи на националната кампања „Информирај се СЕГА!"

Активности на националната кампања „Информирај се СЕГА!“

Планираните активности во рамките на овој проект ќе започнат со реализирање на почеток на месец февруари 2017 година

Национална кампања „Информирај се СЕГА!“

Кампањата „Информирај се СЕГА!“ ја спроведуваат Коалиција СЕГА со Младинските Информативни и Советодавни центри ИНФО СЕГА од Прилеп и Кавадарци во соработка со Агенција за млади и спорт. Кампањата предвидува серија на активности кои ќе се реализираат од 01 септември 2016 – 31 мај 2017 година.

Одржан настан на ФИНКИ за претставување на натпреварот за изработка на мобилна апликација

На 21.12.2016 година со почеток од 12.00 часот во Големиот Амфитеатар на ФИНКИ се одржа претставување на Натпреварот за изработка на мобилна апликација за сите пријавени тимови. На настанот присутни беа Деканот на ФИНКИ проф. Д-р Иван Чорбев, Продеканот проф. д-р Ивица Димитровски, проф.д-р Игор Мисковски, Гордана Цекова раководител на одделение за млади во Агенција за млади и спорт и Мариче Тренеска преставник на Коалиција СЕГА.

На преставувањето присутни беа и пријавените тимови од студенти за учество на натпреварот кои се информираа подетално за барањата, критериумите и условите за учество, како и за основните функционалности на постоечкиот сајт www.mladi.ams.mk
Исто така се поканија останатите студенти да се пријават и да учествуваат на натпреварот.