Култура (45)

Со два новогодишни концерти, балетското студио „Венус“ ќе го прослави јубилејот 25 години постоење

Со двата традиционални новогодишни концерти на кои ќе настапат сите возрасни групи, балетското студио „Венус“ од Кавадарци ќе го прослави својот голем јубилеј, 25 години успешно постоење.

И децата од Црна Гора ја почуствуваа новогодишната магија на семејството Вареловски

Четириесет и пет деца од Црна Гора синоќа ја посетија куќата на Дедо Мраз во Кавадарци. Се работи за дворот од домот на кавадаречкото семејство Вареловски, кој веќе дваесет години по ред е украсен околу Нова година, а сопственикот во улога на Дедо Мраз им дарува подароци на децата посетители.

Пред нас богата со настани новогодишна и божиќна културна програма

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ подготвува богата програма која започнува од денес, а ќе заврши на 9 јануари.

Позната програмата за новогдишните празници

Кавадарци се подготвува за дочекот на новата година. Централното градско подрачје веќе втора недела е во новогодишен амбиент, кој привлекува голем број граѓани да излезат од своите топли домови.

Со два настани ќе биде затоврено годинешното издание на „Кавадаречката културна есен“

Со два настани, Домот на културата „Иван Мазов - Климе“ ќе го заокружи годинешното издание на манифестацијата „Кавадаречка културна есен“.

„Етно Балкан“ е новиот проект на Дрим Тим

Во присуство на бројни колеги, пријатели, претставници на медиумите, во средата во ресторанот „Воденица“ во Скопје, членовите на најдобрата македонска фолк група, „Дрим тим“, го претставија проектот „Етно балкан“, кој освен што ќе ги прикаже во поинакво светло пред домашната јавност е со тендеција и да го освои регионот.

Започна пријавувањето за првото Детско - Младинско Драмско студио на Диме Коцевски

Со бројни театарски претстави и телевизиски проекти во кои секогаш вклучувал и промовирал голем број на млади, од кои голем дел сеуште го носат товарот на кавадаречкото глумиште, Диме Коцевски конечно го започна својот проект кој го подготвува долги години, а кој треба да обезбеди нов бран на енергија, но и долгорочност на кавадаречкиот театар.

Во петок, историско-тематска изложба „Ченто“

Во петок, во градската Музеј галерија ќе биде отворена историско-тематска изложба „Ченто, биографија низ фотографија“.

Автор на изложбата е Рубинчо Белчески.

Отворањето на изложбата е закажано за во 12 часот.