Ако до претходната година пракса беше да бидат наградени граѓаните кои за време на новогодишната ноќ биле на своите работни места, годинава за прв пат Локалната самоуправа одлучи да го промени начинот на избор за најистакнти граѓани кои оставиле белег во своето битисување за 2016 година.

Наградени беа поединци од различни профили на струки коишто мината година забележале истакнати резултати во нивното работење и нивната фела.

 

Годинава награди и признанија добија највозрасниот и најмладиот читател во градската Библиотека Феткин, Марија Лазова како најмлада, а Маричка Димова како највозрасна читателка, пожарникарот од ТППЕ Кавадарци Митре Витанов, наставничката од ООУ Тоде Хаџи Тефов, Елизабета Филипова, полицаецот Зоран Ѓоргијоски, комуналниот работник Енвер Муниши, познатиот ликовен уметник од Кавадарци Кирил Мукаетов. Признание за најдобра студент од универзитетот Гоце Делчев од Штип на дисперзираните студии во Кавадарци доби Билјана Костова и за спортист на годината беше избран кавадаречкитот спортски амбасадор Петар Ангелов Диви.

 

„Ова го правиме за прв пат и сметаме дека е добро, бидејќи опфаќаме наши граѓани ангажирани во повеќе области во животот на градот. Се работи за личности кои на предлог на Синдикатот, менаџерот или по наше согледување во текот на ланската година дале голем придонес за афирмацијата и развојот на градот Кавадарци“ - рече меѓу другото градоначалникот Александар Панов кој денеска ги прими деветмината кавадарчани кои ги награди со рачен часовник.

Признанието за најистакнати личности е традиција на локалната самоуправа со што на некој начин оддава почит спрема оние кои оставиле некаков белег во годината што изминала.

 

Leave a comment