На продолжението од 59-та седница, советниците од Советот на општина Кавадарци ја усвоија Програмата за годинешното издание на туристичко-културно-уметничката манифестација Тиквешки Гроздобер.

За организацијата на Гроздоберот за чија програма опозицијата гласаше против ќе бидат потрошени 5.970 000 денари.


Гроздоберот ќе се оддржи на 7, 8, 9 и 10 септември 2017. На седницата претставникот на фирмата организатор „Темов“ ФШТ ДОО Скопје одговараше на прашањата на опозицијата за детали поврзани со самата организација на содржините и начинот на обезбедување средства. Советниците расправаа и гласаа по неколку амандмани во фунција на ова манифестација. Имено еден од нив беше на Здружението на граѓани „Хаемус“ - Винарија „Рустика“ поврзано со енолошкото преставување на манифестација кој беше усвоен, а следните два амандмана кои ги поднесоа советниците на СДСМ се однесуваа на средства наменети за содржинскиот дел на програмата. Имено на нивниот предлог амандман за намалување на средствата во износ од 710.000 днари на 210.000 денари за организациско продукциски трошоци не беше усвоен, а вториот амандман за неодобрување на нови 250.000 денари за трошоци за карневалското дефиле со 9 за и 7 гласа против беше усвоен.


Од вкупниот буџет од 5.970.000 денари, општина Кавадарци ќе учествува со 4 милиони денари.


Според предложената програма, на 7-ми Септември Советот ќе одржи свечена седница по повод Денот на ослободувањето на Кавадарци, а потоа ќе се одржи концерт посветен на песната на доајенот на македонската народна музика Никола Бадев.


Отворање на Гроздоберот е предвидено за 8 септември од 12 часот со Изложба во музеј галеријата, а од 13 часот ќе се дегустираат грозје и вина на градскиот плоштад. За вечерта се планирани концерти на „Чили плеј бенд“ и „Нокаут“, а на полноќ ќе се избираат крал и кралица на гроздоберот.


Во сабота, на 9 септември во програмата е планирана таблијадата, приемот на делегации од градоначалникот и вечерта карневалското дефиле и уметнички перформанс. Потоа за присутните на манифестацијата целовечерен концерт ќе има Северина.

Последниот фестивалски ден ќе го одбележат детскиот карневал и настапите на диџеј Никифор и Депеш мод - трибјут бенд.

Leave a comment