Наташа Малинкова продолжува со својата доминација на македонската музичка сцена, а причина за тоа е и нејзиниот нов супер заразен хит „Ново време“.

 


Се работи за уште една ултра модерна песна по музика, текст и аранжман на нејзиниот долгогодишен соработник Столе Аврамов. Во песната свој удел има и уште еден стар и голем пријател на Малинкова, познатиот кавадаречки бас гитарист Пере Ангелов - Риба.

 

Во исчекување на официјалниот видео записи, погледнете го лирик ВИДЕОТО кое е дело на Драган Божинов и Филип Пауновски.

Leave a comment