Употребата на 3D моделирање и печатење овозможи производство на таблети кои многу брзо се дезинтегрираат во устата без потреба од земање на течност.

 

Технологијата на производство на лекови напредува од ден на ден, па шансите се дека за помалку од десет години ќе се оди во аптека по лекови ко ќе бидат отпечатени на лице место, со соодветна доза, форма, вкус и состав. Ова е 3D технологија за печатење која, покрај тоа што може да "испечати" цела зграда, може да направии лек.

Професор доктор Светлана Ибриќ, продекан за наука и меѓународна соработка од фармацевсткиот факултет од Белград вели дека предностите на оваа технологија во изработката на таблети, капсули и други форми на лекот, се тоа што може да се создаде доза која ќе биде прилагодена на индивидуалните потреби на пациентот, што е особено важно во случаите кај најмладите и најстарите.

- Со примена на 3D моделирање и печатење овозможено е производство на таблети кои брзо се распаѓаат во устата за неколку секунди, без потребата од земање на течности - вели професорот Ибриќ. - Таквите лекови ќе влијаат на доследно и навремено земање на терапијата кај пациентите кои имаат хронични болести. Сепак, со оглед на тоа што ова е иновативна технологија, лековите добиени со оваа постапка се поскапи. Но, се очекува дека овој метод на производство ќе биде се повеќе и повеќе присутен во светот, како и на нашиот пазар.

Leave a comment