Капсаицин, соединението кое се содржи во чили пиперчињата и дава силен и лут вкус, се користи за развој на лекови против дебелеење, а истражувачите тврдат дека добро функционира.

 

Имено, истражувачи од Универзитетот Вајоминг - Фармацевтски факултет го тестирале соединението на лабораториски глувци и утврдиле дека тоа помага при губење на тежината.

Молекулата реагира со периферниот дел од нашиот нервен систем и се смета дека има својство за намалување на болките. Користејќи го лекот метабоцин, кој полека го ослободува капсаицинот во тек на 24 часа, истражувачите го тестирале влијанието на пикантното соединение на глувците со помош на следење на нивото на маснотиите.

Преку мерење на функцијата на желудникот, бубрезите, крвниот притисок и нивото на шеќер во крвта, истражувањето покажало дека лабораториските глувци изгубиле телесни маснотии и им се подобрило целокупното здравје за време од осум месеци и тоа без никакви несакани ефекти.

Молекулата капсаицин исто така е тестирана како средство за лекување на состојби како што е ревматоиден артритис и дури се смета дека потенцијално може да спречи да дојде до рак на дојките. Успех во губење на мастите кај глувците при истражувањето би можел да ги насочи истражувачите да го тестираат во таблети за губење на тежината кај луѓето.

Но, експертите исто така предупредуваат дека резултатите не мора со сигурност да значат дека луѓето треба да почнат да консумираат големи количества на чили пиперчиња.

Чили пиперчињата не се апсорбираат лесно во желудникот, што значи дека капсаицинот кој го содржат можеби и нема да го има истиот ефект како таблетата.

 

Извор на веста: ljepotaizdravlje.hr

 

Leave a comment