Во екот на летната сезона, кога плажите се преполни, водата е најмоќната причина за забава, а  сонцето е нашиот извор бр.1 на енергија и поттикнување на желбата за дружење и одмор.

Сите знаеме дека сончевите зраци го создаваат Витаминот Д, за кој во продолжение ќе ви раскажеме 10 интересни факти кои можеби до сега не сте ги знаеле.

За почеток – сигурно не знаете дека единствен витамин во светот на нутриционистите за кој не се зборува многу е Витаминот Д. А дали знаете зошто?

Можеби најголемата причина е тоа што Витаминот Д – е комплетно бесплатен, бидејќи телото го создава кога сончевата светлина допира до кожата. Едноставно е, аптеките не можат да продаваат сончева светлина.

1.    Сигурно знаете дека нашата кожа произведува витамин Д кога е изложена на сончева светлина – УВ зрачење. Примарната улога на витаминот Д е одржување на хомеостазата и константна концентрација на калциум и фосфати во плазмата.

2.    Можеби знаете, а можеби не дека сончевите зраци, кои се потребни за создавање на витамин Д, не може да поминат низ стаклото. Затоа, кога сте во вашиот дом, канцеларија или автомобил, вашето тело не произведува витамин Д.

3.    Речиси е невозможно да се добијат адекватни количини на витамин Д од исхраната. Изложеноста на сончева светлина е единствениот сигурен начин да се создадат доволно количини на овој витамин.

4.    Доколку сакате да го добиете дневниот минимален износ на витамин Д во организмот потребно е да испиете 3 чаши млеко збогатени со витамин Д.

5.    Колку подалеку живеете од екваторот, толку повеќе треба да бидете изложени на сонце за да се добие доволно витамин Д, поради слабеењето на УВ зраците.

6.    Интересен е фактот дека луѓето со темна кожа потребно е да бидат изложени на сонце 20-30 пати повеќе како би ја добиле иста количина на витамин Д во споредба со луѓето со бел тен. Се претпоставува дека тоа е една од причините зошто ракот на простата е толку честа појава меѓу луѓето од црната раса, односно дека ова се должи на недостаток на витамин Д.

7.    Доволни количини на витамин Д се од суштинско значење за апсорпцијата на калциум во телото. Без витамин Д, тело не може да апсорбира калциум, што значи додатоците во исхраната со калциум се бескорисни ако имаме недостаток на витамин Д.

8.    Замисливо или не – да знаете дека не еможно да се “предозираме“ со витамин Д, бидејќи телото го регулира процесот на создавање на овој витамин од сончева светлина, земајќи колку што е потребно. Ова неважи ако го земаме преку суплементи.

9.    А доколку сакате да дознаете дали страдате од недостаток од витамин Д – само притиснете цврсто на градната коска. Ако ве боли, можно е да страдате од недостаток на витамин Д.

10.  Не помалку битен факт е дека – витаминот Д пред употреба мора да го активираме, а тоа за нас го прават помалку или повеќе нашиот црн дроб и бубрезите. Кај луѓето кои страдаат од бубрезите или црниот дроб, може да се намали способноста на активирање и користење на витамин Д.

Затоа, искористете ги максимално сончевите денови, но сепак, бидете внимателни со количините. Бидејќи и самите знаете – се' што е прекумерно – е штетно.

Уживајте во преостанатите сончеви денови кои ни следуваат од летото!

 

Извор на веста: pharmanews.mk

Leave a comment