Maжите ги сметаат интелигентните жени исклучително привлечни, но ним и не им е баш лесно да најдат партнери, бидејќи ако веруваме во истражувањето на Универзитетот во Бафало, посилниот пол навистина смета дека умните жени се предизвик само во теорија.

Се испоставило дека психолошката дистанца ги прави интелигентните жени да изгледаат поатрактивно, наведено е студијата на стручното списание „Карактер и социјална психологија“ но суштината и не е толку позитивна како што изгледа на прв поглед.

Сите тврдења за тоа како интелигенцијата е секси паѓаат во вода со една контратеза.

Хетеросексуалните мажи со задоволство би биле во врска со интелигентна жена, се додека таа интелектуално не ги надимине.

Да се вратиме на психолошката дистанца: тоа е кога поединец се потпира на апстракција со цел да формира одреден став во врска со настан или ситуација која е оддалечена во времето, просторот или е само хипотетичка.

Значи, додека во теорија се зборува за интелигентни жени и како мажите ги сметаат нив за исклучително привлечно во реалниот свет е поинаку.

Во реалниот свет, кога им се укажува прилика да бидат во контакт со паметна жена, перспективата се менува.

Исто така и претходни истражувања на оваа тема покажале дека интелигенцијата прави значително да луѓето ги доживуваме како попривлечни,  но се се менува кога ќе се воспостави дека жената е попаметна од мажот со кого е во врска.

 

 

Leave a comment