Овој тест е како кратка игра.

Замислете пустина што се протега до каде што можете да гледате со очите. Во пустината има коцка. Опишете ја коцката. Како изгледа? Колку е голема? Од што е направена? И каде во пустината се наоѓа коцката? Нема точни и погрешни одговори. Не можете да изгубите! Слободно одморете некој момент пред да продолжите.

И ете сте таму со коцката во пустината. Покрај коцката забележувате скала. Сега, опишете ја скалата. Колку е голема? Каде се наоѓа во однос на коцката? Од што е направена? Повторно, дајте си момент да размислете пред да продолжите.

Сега, низ пустината во која има скала и коцка, има и коњ. Веројатно е коњ без име. Сега, опишете го коњот. Каде се наоѓа? Што прави? Дали оди некаде или стои?

Речиси е крај на играта. Сега, гледате цвеќиња. Колку има? Како изгледаат? Каде се наоѓаат во однос на другите објекти? Последно прашање. Има бура. Каква е бурата? Дали е близу? Далеку? Каква бура е? Дали влијае на другите предмети во пустината.

 Сега, забавниот дел ... резултатите!

 Коцката го претставува егото!

Големината на коцката е големината на Вашето его. Ако сте замислиле голема коцка, веројатно сте многу сигурни во себе. Ако е помала, можеби не многу. Ако коцката беше во песокот, веројатно сте многу приземјени. Ако била на небото, можеби сте со главата во облаци. Ако коцката била транспарентна, може лесно некој да „Ве прочита“. Ако била матна, тешко може да Ве прочитаат другите. Еве нешто интересно: ако била од мраз, дали Ви се топи егото?

Скалата ги претставува Вашите пријатели.

Дали е навалена на коцката? Вашите пријатели зависат од Вас. Дали е скалата висока или ниска? Дали е слаба или јака? Дали лежи на земјата или е вертикално поставена? Од овде може да ги изведите Вашите заклучоци.

Коњот е Вашиот партнер од соништата.

Тој кажува многу за она што го сакате. Некои гледаат коњ што работи, други гледаат еднорог. Зависно од тоа како го гледате Вашиот партнер од соништата.

Цвеќињата се Вашите деца.

Бројот на цвеќиња што го видовте е индикатор за тоа дали ќе имате едно, неколку или многу деца. Ако сте замислиле дека во пустината нема цвеќиња, тоа треба да Ви каже нешто...

Бурата е закана.

Дали е голема? Дали има молњи? Блиску е или далеку? Овде треба сами да најдете значење.

Leave a comment