Нели би било одлично ако би знаеле што ќе Ве прашува работодавачот на интервјуто за работа?

Додека за жал не можеме да читаме мисли, овде имате нешто што дефинитивно ќе Ви користи: листа на прашања што најчесто се поставуваат на интервју и нивен одговор.

Иако не препорачуваме да имате ограничен одговор за секое прашање (подобро е да немате), препорачуваме да потрошите време на тоа да ги разработите прашањата што би можеле да Ви бидат поставени, со цел поудобно да ги дговорите, што навистина работодавачите бараат во Вашите одговори и што е потребно за да докажете дека сте вистинскиот маж или жена за таа работа.

Во продолжение е вториот дел од водичот за интерју за работа. Првиот дел може да го прочитате ОВДЕ

1.    Кои се Вашите најголеми професионални јаки страни?

Кога би го одговарале ова прашање, Памела Скиллингс препорачува да бидете точни (споделете ги Вашите вистински јаки страни, не оние што мислите дека тој што Ве интервјуира сака да ги слушне); релевантни (одберете ги оние јаки страни што најмногу се поврзуваат со посакуваната позиција); и специфични и конкретни (на пример, наместо „вештини за работа со луѓе“ одберете „убедливи во комуникацијата“ или „вешти во градење добри односи“) потоа наведете пример како би ги демонстрирале овие нешта во професионален амбиент.

2.    Што сметате дека Ви е слабост?

Она што сака тој од спротивната страна да го постигне со ова прашање – освен да идентификува некои поголеми рамки – е да ја измери вашата свест за себе и искреност. Така, „Не би можел да завршам нешто до даден рок затоа што би морал да си го спасам животот“ не е опција – но не е и „Ништо, јас сум совршен!“ Најдете баланс со тоа што ќе смислите нешто со кое имате проблем, но сепак работите на тоа да го совладате проблемот. На пример, можеби никогаш не сте биле добри во јавно говорење, но неодамна доброволно сте се пријавиле да водите состаноци за да ја надминете неудобноста од обраќање пред публика.

3.    Кое е Ваше најголемо професионално достигнување?

Ништо не вели „вработи ме“ повеќе од евиденција на постигнување на одлични резултати на минатите работни места, па не бидете срамежливи, кога ќе го одговарате ова прашање на интервју за работа! Одличен начин да го одговорите е да го користете методот С-Т-А-Р: поставете ја ситуацијата и задачата што било потребно да ја завршите за да ја прикажете позадината пред интервјуерот (на пр. „во претходната работа како јуниор аналитичар, ми беше задача да го менаџирам процесот на фактурирање), но потрошете најмногу време на опишување на она што всушност сте направиле, актот со кој сте постигнале резултат. На пример, „во еден месец, го поедноставив процесот што заштеди 10 работни часа месечно и ги намали грешките во фактурирањето за 25%.

4.    Кажете ми за предизвик или конфликт со кој сте се соочиле на работа и како сте успеале да го изменаџирате.

Со поставување на ова прашање, „тој што Ве интервјуира сака да добие слика за тоа како би реагирале во конфликтна ситуација. Секој може да изгледа фин и пријатен на интервју за работа, но што би се случило ако сте вработени и почнете да се соочувате со теми за Усогласување?“ вели Скилингс. Повторно, користете го С-Т-А-Р методот, со тоа што ќе се осигурате дека сте фокусирани на тоа како сте се справиле со ситуацијата професионално и продуктивно, и прикажувајќи ја среќната завршница, за тоа како сте дошле до решение или компромис.

5.    Каде се гледате себе си во следните пет години?

Ако Ви биде поставено ова прашање, бидете искрени за Вашите идни цели, но имајте го предвид ова: оној што Ве вработува сака да знае а) дали имате реални очекувања за Вашата кариера, б) дали имате амбиција (т.е. тоа да не Ви е прв пат да одговорите на ова прашање и в) дали позицијата соодветствува со целите и напредокот. Најдобро е да размислете реално за тоа каде може да Ве одведе позицијата и да одговорите во таа насока. И ако позицијата не е неопходно билет до Вашите цели и аспирации? Сосема е во ред да кажете дека не сте сигурни за тоа што ќе Ви донесе иднината, но дека го гледате ова искуство како нешто што има важна улога во тоа да се одлучите што очекувате по пет години.

6.    Која е Вашата работа од соништата?

Слично на претходните, овде тој што Ве интервјуира сака да открие дали оваа позиција е во согласност со Вашите цели во работата. Додека „НБА ѕвезда“ може да ви обезбеди смеа од другата страна, подобро е да разговарате за целите и амбициите и зошто оваа работа ќе Ве однесе поблизу до нив. 

Продолжува...

 

 

Leave a comment