Последни новости

Повик за волонтери во ИНФО СЕГА

Младински Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА е непрофитен центар чија што основна цел е обезбедување и ширење на информации, давање на совети, испорачување на обуки и едукации од различни области од животот на младите луѓе.

ИНФО СЕГА има потреба од 8 волонтери кои активно ќе учествуваат во работата на центарот, ќе ја поддржуваат работата на центарот и ќе бидат одговорни за спроведување на одредени активности.

Со волонтирање во Младинскиот Информативен и Советодавен центар волонтерите ќе имаат можност да се стекнат со нови вештини и знаења за тимска работа, организациски и комуникациски вештини. Исто така ќе имаат можност да учествуваат бесплатно на сите обуки кои ги организира центарот и како и на обуки во Македонија и странство организирани од страна на други организации.

Сите млади од 15 - 18 години кои  се заинтересирани да волонтираат потребно е да достават апликација за волонтери и CV (лична биографија) на e-mail infosega@infosega.org.mk или во просториите на Центарот (стар Водовод, позади општина) најдоцна до 20 септември 2010 година.

За дополнителни прашања слободно можете да не контактирате:

Тел. 048 529 486

E-mail: infosega@infosega.org.mk

Skype: info.sega

Или директно во просториите на ИНФО СЕГА (канцеларии на стар Водовод, позади општина) секој работен ден од 09:00 - 16:30 ч.

Или на следниот линк: http://www.infosega.org.mk/mk/applications/volunteering/


Прочитајте повеќе
Бесплатни обуки кои центарот ги спроведува:

Наши пријатели

ИНФО СЕГА на Фејсбук



е-Билтен
    Зачувај

ИНФО СЕГА Новости ИНФО СЕГА Новости

Финансиска помош за школарина наЕвропскиот универзитет во Скопјe

Финансиска помош за школарина наЕвропскиот универзитет во Скопјe ...........

02.Sep.2010 08:59

Конференција: Демократизација,

Конференција: Демократизација, ...........

02.Sep.2010 08:54