- Здравство (Eдукации и обуки за сексуално преносливи инфекции (СПИ), ХИВ СИДА, алкохол, дрога и сексуално и репродуктивно здравје)
- Граѓанско образование (Обуки за млади - Правата на младите и демократија, младинска партиципација, Обуки за младински организации - управување со проекти (проектен менаџмент), Комуникациски вештини и Тимска работа, Лидерство, Застапување и Лобирање)
- Вработување (Обуки за изготвување на CURICULUM VITAE (CV), структура на CV, мотивационо писмо и интервју за работа)
- Слободни работни места
- Локални спортски и културни активности
- Стипендии во Македонија и странство
- Професионална ориентација (средно и високо образование во РМ)
- Инфо за патување (ЕУ можности)
- EVS и студентски размени
- Можности за волонтирање во институциите и НВОи
- Инфо материјали
- Жолта книга за млади со информации од различни области од секојдневното живеење на младите
- Информативни материјали преку кои учениците и студентите ќе се запознаат со своите права и обврски
- Директни, телефонски и online услуги за советување
- Картички со попуст за млади
- Бесплатен Интернет – cyber cafe
- Достапни информации на Web страната
Младински Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА е проект кој што го спроведува Коалиција на Младински организации СЕГА а е финансиран и поддржан од Агенција за Млади и Спорт на Република Македонија, Локална Самоуправа Прилеп и програмата CIVICA Mobilitas - имплементирана од ЦИРа и финансиски поддржана од SDC.Основна цел е обезбедување и ширење на информации, давање на совети, испорачување на обуки и едукации од различни области од животот на младите луѓе. Преку функционирањето на ИНФО СЕГА младите ќе бидат информирани за слободните работни места, волонтирање, образовни, рекреативни, културните институции и установи, остварување на социјалните права, мобилност, следење на различни обуки, преквалификација и патување, спортско наградување и.т.н.
ИНФО СЕГА својата работа ја базира на три програми:
Информации за:
Услуги:














