Политика за млади / Младинскa Политика претставува збир на принципи, вредности, ставови, цели и активности за подобрување на квалитетот на животот на младите. Носител на политиките за млади може да биде Владата, јавните институции, невладините организации, младинските организации. На локално ниво и на национално ниво носи многу предности, како што се насочено адресирање на потребите и проблемите на младите, се подготвуваат младите да станат одговорни граѓани, среќни и добро образовани луѓе и напредок во општеството во кое живеат. Младинските политики се дизајнирани главно по должината на законодавната и извршната власт, од експерти од различни области, од активни млади луѓе од организации на политичките партии, студентски парламенти, студентски асоцијации, неформални групи, како и успешни поединци.
Националната стратегија за млади претставува документ на националните политики на млади, со кој се дефинира односот на општеството кон младите.
Локален Акционен План за млади претставува документ за развојот на младинската политика во локалната самоуправа.Тоа е мулти- годишен план за млади луѓе кој се спроведува на локално ниво. Акциониот План содржи: формулирање на мерки за решавање на дефинираните проблеми во разни области каде се сретнуваат младите луѓе како: образование, вработување, здравје, култура и слободно време, активна вклученост на младите во општеството и изградба на граѓанското општество, на волонтерска основа, мобилност и младински информации, екологија, одржлив развој и социјална политика за млади.
Младински центри претставуваат отворени канцеларии за млади, кои нудат голем број на услуги и информации за младите.
Младински организации претставуваат сите форми на самостојно здружување на млади луѓе вклучувајќи ги подмладоците на политичките партии, младинските здруженија, младински клубови, младински иницијативи, ученички парламенти, студентски организации, неформални младински иницијативи, младински задруги.
Младински здруженија се здружение на граѓани регистрирани согласно законот и се фокусирани во нивната работа на потребите на младите.
Политички подмладок функционираат во состав на политичките партии каде се среќаваат млади членови на партијата и работат во согласност со Статутот на политичките партии.
Студентски здруженија се младински здруженија кои се вклучени во прашањата на високото образование .
Неформална група на млади луѓе е превземање на иницијатива од страна на две или повеќе млади луѓе кои се насочуваат кон одредена цел за подобрување на квалитетот на животот на луѓето (нема својство на правно лице).
Ученички парламент е демократска структура избрана од страна на ученици во основно и средно училиште, која ги застапува интересите на останатите ученици.
Активно учество на младите во младинските организации: значи права, ресурси, простор и можност за младите, доколку е потребно поддршка на младите да учествуваат во одлуките и активностите кои придонесуваат за изградба на подобро општество.
Младинска работа
Младинската работа вклучува активности и програми врз основа на принципите и методи на неформално образование со младите луѓе да станат свесни, одговорни и активни членови на заедницата кои работат на создавање услови за реализација на нивниот целосен потенцијал.
Младинската работа во Македонија врз основа на истражувањето на потребите на младите се реализира во соработка со други организации, институции и служби кои можат да помогнат во идентификување на потребите и проблемите на младината, како и наоѓање на можните решенија.
Врз основа на доброволно учество на младите во институциите кои се нудат, младинската работа првенствено е од едукативен карактер. Всушност, сите програми и активности во рамките на младинската работа имаат едукативна компонента. Во прилог на младинската работа се знаења и обуки за одредени теми, кои се обработени преку програми и активности, преку кои младите луѓе ги градат нивните лични и социјални вештини потребни во секојдневниот живот (самопочитување, лична и општествена одговорност, донесување одлуки, комуникациски вештини, разрешување на конфликти) и треба да имаат контрола над своите животни одлуки и избори.
Во младинска работа се користат методи на неформално образование, со акцент на учење преку искуство, кое вклучува искуствено учење од секоја ситуација, вистинска или замислена.
Почитувањето на младите луѓе и нивното прифаќање како целосни, доверливи и еднакви членови на општеството, обезбедува можности за преземање одговорност и самостојно донесување на одлуки.
Младинската работа е за млади луѓе и преку неа да се промовира независност и одговорност на младите луѓе, така што тие можат да бидат овластени самостојно да преземат иницијатива и активно да учествуваат во креирањето на личната и општествена промена.
Сите наши програми и активности кои работат со млади луѓе, се фокусираат на овозможување на младите да ја преземат контролата на нивните животи и, во исто време, за да се избегне ризичното однесување.
Активности кои ги спроведуваат младинските работници
• Долгорочен развој на работа со групи на млади луѓе, често преку интерактивни работилници;
• Организирање на настани и активности за млади луѓе;
• Летни кампови, екскурзии, младинска размена;
• Работилници, семинари, обука;
• Бесплатни, отворени активности во младинскиот центар - социјални активности како што се образовните;
• Работа со индивидуи.
Кој се занимава со младинската работа?
Преку програмите на младинските центри, младинската работа се извршува од страна на младински работници кои се вработени во организацијата, младински лидери и волонтери од другите земји.














