Повик за волонтери Младински Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА
Информации:
Младински Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА е непрофитен центар чија што основна цел е обезбедување и ширење на информации, давање на совети, испорачување на обуки и едукации од различни области од животот на младите луѓе.
ИНФО СЕГА има потреба од 8 волонтери кои активно ќе учествуваат во работата на центарот, ќе ја поддржуваат работата на центарот и ќе бидат одговорни за спроведување на одредени активности.
Со волонтирање во Младинскиот Информативен и Советодавен центар волонтерите ќе имаат можност да се стекнат со нови вештини и знаења за тимска работа, организациски и комуникациски вештини. Исто така ќе имаат можност да учествуваат бесплатно на сите обуки кои ги организира центарот и како и на обуки во Македонија и странство организирани од страна на други организации.
Сите млади кои се заинтересирани да волонтираат потребно е да достават апликација за волонтери и CV (лична биографија) на e-mail infosega@infosega.org.mk или во просториите на Центарот (стар Водовод, позади општина) најдоцна до 20 септември 2010 година.
За дополнителни прашања слободно можете да не контактирате:
Тел. 048 529 486
E-mail: infosega@infosega.org.mk
Skype: info.sega
Или директно во просториите на ИНФО СЕГА (канцеларии на стар Водовод, позади општина) секој работен ден од 09:00 - 16:30 ч.
Или на следниот линк: http://www.infosega.org.mk/mk/applications/volunteering/
Краен рок:
20 / 09 / 2010














