Последно новости
- 1. МИСЦ ИНФО СЕГА и услугите кои ги нуди без исклучок се достапни за сите млади луѓе.
- 2. МИСЦ ИНФО СЕГА гарантира еднаквост во пристапот на информациите на сите млади без оглед на полот, потеклото, националната и верската припадност и социјалната категорија.
- 3. МИСЦ ИНФО СЕГА и услугите кои ги нуди се лесно достапни за сите, без претходно договарање за доаѓањето, а принципот на работа меѓу вработените и волонтерите со корисниците се одвива во пријателска атмосфера. Работното време е прилагодено според потребите на младите.
- 4. Достапните информации се темелат на реалните потреби на младите и се вклучуваат во работата со цел ширење на базата на информации.
- 5. Секој корисник е услужен на индивидуален пристап.
- 6. Услугите на давање на потребните информации не се наплаќаат.
- 7. Со секоја дадена информација се почитува приватноста на корисникот (приватност на идентитетот).
- 8. Услугите на информирање се даваат на професионален начин од страна на едуцирани лица.
- 9. Понудените информации се комплетни, редовно се ажурираат, се практични и прилагодени на корисниците.
- 10. Се обезбедува објективност на информациите кои се прибираат од многустрани и проверени извори на информации
- 11. Понудените информации се заштитени од било какви верски, политични, идеолошки и комерцијални влијанија.
- 12. МИСЦ ИНФО СЕГА со услугите кои ги нуди се стреми да опфати што поголем број на млади луѓе на начини кои се ефективни и прилагодени на различни групи и потреби. Исто така настојува да биде креативен и иновативен во нивниот избор на стратегии, методи и алатки.
- 13. Младите луѓе ја имаат можноста да учествуваат, на соодветни начини во различни фази низ младинската информативна и советодавна работа, на локално, регионално, национално и интернационално ниво. Ова може да вклучи меѓу другото: идентифицирање на информациските потреби, подготовка и достава на информации, услуги за управување и оценување, проекти и пеер групни активности.
- 14. МИСЦ ИНФО СЕГА соработува со останатите младински установи и структури, посебно во нашиот регион и ќе се вмрежи со други институции/организации кои работат со млади лица.
- 15. МИСЦ ИНФО СЕГА им помага на младите во пристапот на информациите по пат на користење на модерни технологии во развојот на вештините за користење на истите.
Правила на Центарот














