Апартманот на Даниел Аршам во Бруклин е малечко место во кое сите би посакале да живеат.Неговата површина изнесува само 8,5 метри квадратни, а декорот е елегантен и минималистички, принудувајќи ве да се заљубите во прекрасно смислениот простор.

Станчето е всушност поткровје на објектот каде што се сместени канцелариите на Snarkitecture, архитектонската фирма во која Аршам е партнер. За него овој стан овозможува само две функции, а тоа се спиењето и пресоблекувањето. Ѕидовите на апартманот изгледаат како огромен пикселен екран, кој преминува од сиво кон бело, гледајќи од подот кон таванот. Таканаречените пиксели всушност се илјадници пинг-понг топчиња, или попрецизно 25.000. Остатокот од местото е уреден едноставно. Аршам во апартманот сместил еден кревет, поставил неколку вградени полици и плакар, каде што чува дел од својата гардероба. Најинтересно, а воедно и најсмешно, е тоа што за да влезе во својот стан, Аршам мора да се качи по скала која се наоѓа во тоалетот на една од канцелариите.

Leave a comment